Министерството за култура известува дека НЛБ Групацијата објави меѓународен јавен повик за млади уметници од Југоисточна Европа за збогатување на уметничките збирки на оваа групација, која е поддржувач на културата и уметноста во регионот.
Повикот е наменет за уметници помлади од 35 години од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и од Косово, кои треба да достават свои уметнички дела од областа на интермедијалната уметност, создадени во последните пет години.
Уметничките дела треба да соодветствуваат на концептот на колекцијата за современа уметност „Уметноста на Југоисточна Европа“ („SEE Art“), отворена во јануари 2023 година, која ги претставува различните култури, идентитети и сеќавања, кои ја обликувале заедничката историја во регионот на Југоисточна Европа.
Најдобрите дела ќе бидат изложени на отворањето на галеријата „Банкариум“ во Љубљана, а победничкото дело ќе го откупи НЛБ Групацијата и ќе биде вклучено во оваа колекција за современа уметност.
Уметничките дела што ќе пристигнат на меѓународниот јавен повик ќе ги оценува петчлена меѓународна експертска комисија.
Меѓународниот јавен повик е отворен до 21 март 2024 година, а повеќе информации се достапни на следниот ЛИНК.