Македонски филмови и филмска музика во Тетово, Битола и во Скопје во чест на 30 години независност

од admin_kult

„Филмска култура“ е насловот на манифестацијата што од  денес  до 26 август ќе се одржува во земјава. Настанот е дел од владината прослава на 30 години независност.

Проекциите и концертите ќе се одржуваат во: Центарот за култура во Тетово (20 – 22 август), Центарот за култура во Битола (20 – 22 август) и Кинотеката во Скопје (22, 25 и 26 август). Ќе биде прикажана селекција од краткометражни, документарни и играни филмови од македонската продукција.

Во рамките на манифестацијата ќе има и свечена академија на тема „Македонскиот игран филм во следната декада“, а во секој град ќе се одржат концерти со филмска музика насловени „Филмот може да се слуша“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе