Лекторски испит

од admin_kult

Полагањето на лекторскиот испит се одвива во согласност со Законот за употреба на македонскиот јазик, Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за програмата за испитот и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за програмата за испитот кои се достапни на веб-страницата на Министерството за култура.

Испитот за добивање лекторска лиценца се одржува еднаш месечно, секој месец, со исклучок на месец јули.

Барањето за полагање лекторски испит, кое е достапно на веб-страницата на Министерството за култура (http://kultura.gov.mk/wp-content/uploads/2019/01/Pravilnik_2.pdf ), се поднесува во архивата (писарницата) на Министерството за култура, секој работен ден, од први до десетти во месецот.

Со Барањето за полагање на испитот, кандидатот е должен да поднесе доказ за исполнување на условот за полагање на испитот од членот 10 став (2) од Законот за употреба на македонскиот јазик – диплома за завршено четиригодишно високо образование на студиските програми Македонски јазик или Македонски јазик и литература, со прв главен предмет Македонски јазик (копија заверена на нотар).

Лекторскиот испит се полага пред Комисијата за полагање испит за лектор.

Регистар на лекторски лиценци

Список на лектори со положен испит за лектор од 1998 до 2015 година

Известување од Комисијата за полагање испит за лектор за септември 2022 година

Известување од Комисијата за полагање испит за лектор за октомври 2022 година

Известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Испитот за лектор за ноември 2022 година

Известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Испитот за лектор за декември 2022 година

Известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Испитот за лектор за февруари 2023 година 

Известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Испитот за лектор за март 2023 година

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе