Костадиновска-Стојчевска на средба со независната сцена од „Центар-Јадро“

од admin_kult

Заедничкиот дијалог и партнерскиот однос за унапредување на состојбата на независната културна сцена ќе продолжи и во следниот период – се согласија министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и претставниците на Управниот одбор на Асоцијацијата на независната културна сцена „Јадро“.

При денешната посета на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“, министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска, го искажа задоволството од функционирањето на оваа институција, која е одличен пример за водење на активни културни политики и реализација на најразлични програмски содржини.

Министерката Костадиновска-Стојчевска го нагласи придонесот на независниот културен сектор за развојот и унапредувањето на интердисциплинарната дејност, која го опфаќа социо-културниот контекст. Таа ги поздрави заложбите за понатамошно развивање на новите модели на цивилно-јавно партнерство во културата, и со членовите на „Јадро“ се согласи заеднички да се работи на условите за усовршување на прогресивните, емпанципаторските, социјалните идеи кои ги негуваат членките на Асоцијацијата.

Беше изразена потребата од засилена соработка помеѓу независната сцена и институционализираната култура, како и продолжување на заемната соработка со Министерството за култура. Сето ова, во насока на вклучување на менаџерските искуства и спроведување на регионалните практики во нашата земја.

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ минатата година беше домаќин на многубројни уметнички организации, асоцијации, неформални групи и поединци, кои преку разни активности реализираа успешни проекти од областа на културата во разни уметнички дисциплини.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе