Изложба „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)“

од admin_kult

Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде отворена изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)“ што ја подготви Државниот архив, а под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Изложбата ги прикажува дејствувањето и улогата на Гоце Делчев како организатор на македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век, односно како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација.

Авторите на изложбата, користејќи богата архивска документација, ги опфаќаат ликот и делото на Делчев од повеќе аспекти, низ неговите преписки, сведоштва и погледи кон неговото дело од соборци, потоа патот на неговите мошти од село Баница преку Софија до главниот град на современата македонска држава, Скопје. На јавноста ќе ѝ бидат претставени и материјали што ги оставиле потомците на Гоце Делчев за чествувањето на неговото име и дело.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе