Концерт на Пламенка Трајковска- гудачко трио во Струмица

од admin_kult

Пламенка Трајковска – гудачко трио денеска со почеток во 19 часот ќе реализираат концерт во НУ Центар за култура Антон Панов во Струмица.  Во рамки на програмата на концертот кој е насловен  Јубилеи се дела на композитори кои оваа година чествуваат јубилеи како италијанскиот композитор Томасо Албињони, Камиј Сен Санс, и Астор Пјацола.  Камерниот состав прави пресек на најпознатите дела од овие автори како Адаго од Албињони, Данс Макабре, Лебед од Сен Санс и најпознатите дела од Пјацола како Либеранго , Најт клуб 1960 и други. Сите композиции се во аранжман за камерен состав од Пламенка Трајковска.

Во гудачкиот состав покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Камерните состави на Пламенка Трајковска активно работат на доближувањето на класичната музика кај најшироката публика и имаат настапувано на сите сцени во Македонија. Тие креираат концерти со класична музика и концерти кои се во модерно класичен стил. Неодамна реализираа концерт во НУ Центар за култура Крива Паланка со извонреден успех како гудачко трио и со програма во модерно класичен стил.

Последните години интензивно работат на доближувањето на класичната музика до децата и креираат различни концерти за деца како концертите Музика и цртан филм, Што е тоа … гудачки квартет, Моцартисимо и Музика и танц.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и НУ Центар за култура Антон Панов Струмица.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе