Македонските музичари Стојан Димов (кларинет, саксофон), пијанистите Дино Имери и Маја Поповиќ и саксофонистот Нинослав Димов в среда во 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Филхармонијата. На концертот, со наслов „Фузија“, ќе бидат изведени дела од Менделсон, Цанев, Шуман, Дудаш, Паскули, Ковач и др.
Стојан Димов од 2002 година е член на групата на Горан Бреговиќ. Преку годините бележи многубројни рецитали, солистички настапи со најпознатите светски оркестри, соработка со најдобрите диригенти и многу настапи во разни камерни ансамбли. Денес, тој е еден од најактивните македонски музичари со настапи по целиот свет на годишно ниво.
Маја Поповиќ во текот на школувањето активно учествувал на мастер класите кај реномирани пијанисти и педагози, а носител е на повеќе награди. Работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј ” – Скопје.
Нинослав Димов дипломирал во класата на проф. Стојан Димов на Факултетот за музичка уметност во Скопје 2004 год., а магистрирал 2006 год. Добитник е на повеќе награди на републички и на интернационални натпревари, и редовен учесник на престижни семинари по саксофон во Словенија, Хрватска, Франција, Германија… Покрај многубројните рецитали, бележи и повеќе солистички настапи. Од 2007 год. тој е член и коосновач на „Bensmann Saxophon Quartett”, со кој бележи повеќе настапи во Европа, САД и во Кина.
Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Добитник е на голем број награди и признанија. Имери бележи и многубројни домашни и меѓународни дискографски изданија, а од декември 2018 г. се стекнува со звање д §./оцент и предава на Факултетот за музичка уметност во Скопје.