Во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечер на сцената „Долни Сарај“ ќе одржи концерт „Музиката на Александар Џамбазов“ во рамките на 62. издание на Фестивалот „Охридско лето“.
Солисти на концертот ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски, кои пред публиката ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов.
Со концертот посветен на маестро Џамбазов, „Охридско лето“ ќе ја заокружи музичката програма на годинашното 62. издание.
Фестивалот свечено ќе биде затворен утре со театарската претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенски драмски театар од Белград, Србија.