Отворање на 43. издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

од admin_kult

Со францускиот  филм „Мајка и син“, во режија на Леонор Сераије, во Центарот за култура во Битола вечер (19 август) започнува 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Фестивалот ќе се одржува до 26 август под мотото „Реалноста не е доволна“.

Изданието на Фестивалот е збогатено со 60 филмови, но и со етаблирани личности од светската кинематографија кои ќе одлучуваат за селектираните филмови во долгометражната програма, краткометражните филмови, документарната програма и студентската програма.

Во „Офф-програмата“ ќе бидат застапени повеќе изложби што ја раскажуваат филмската приказна на градот, како и концерти на филмска музика.

„Сакаме да покажеме дека Битола е град во кој се роди филмот и дека тоа е чувство што е дел од колективната меморија“, истакнуваат од  Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе