Конкурс за доделување на државна награда Мето Јовановски

од admin_kult

Одбор за доделување на државната награда ,,Мето Јовановски” распишува:

                                                                                                КОНКУРС     

                                     за  оделување на државната награда ,,Мето Јовановскиво 2021 година 

Со државната награда ,,Мето Јовановски’’ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоција, заштитата и унапредувањето начовековите права. Наградата се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Во рамките на овој конкурс може да се доделат најмногу до две (2) награди.

Податоци за државната награда ,,Мето Јовановски

  • Државната награда им се доделува на поединци, здруженнија на граѓани, неформални групо и други правни субјекти
  • Државната награда под условите определени во конкурсов може да се додели и на странски државјани и дурги меѓународни и странски правни субјекти.
  • На награден поединец му се доделува диплома и паричен износ.
  • На наградено здружение на граѓани или друг правен субјект им се доделува само диплома и плакет
  • На секој член од наградената неформална група му се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ.
  • Паричниот износ за државната награда ,,Мето Јовановски” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Северна МАкедонија, исплатени во последните три месеци од тековната година.

Правила за поднесување на иницијатива

  • Иницијативата за доделување на државната награда ,,Мето Јовановски” може да поднесат; здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани како и други правни субјекти во земјата и во странство.
  • Подносителите на иницијативата за доделување на државна награда ,,Мето Јовановски”треба да достават биографија,портфолио на постигнувања и опис на акцијата која сметаат дека предизвикала позитивна промена во одредена област на човековите права за која се поднесува иницијативата.
  • Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во најмалку два (2) примерока.
  • Адресата на којашто треба да достават иницијативите е:Министерство за култура на Република Северна Македонија- Одбор за доделување на државната награда ,,Мето Јовановски”, ул. ,,Ѓуро Ѓаковиќ’’ бр.61- Скопје, Република Северна Македонија.
  • Иницијативите и прилозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетните иницијативи нема да бидат разгледани од страна на Одборот.

Конкурсот трае од15.10.2021 до 15.11.2021

Критериуми за оценување на иницијативите

  • Значајна и долгогодишна работа посветена на заштитата и унапредувањето на човековите права (се потврдува со биографија/портфолио на постигннувања)
  • Спроведена акција, политика или проект кој резултирал со конкретна позитивна промена на полето на човековите права (специфично достигнување или листа на достигнувања)
  • Придонес преку промени во јавната комуникација или промоција на човековите права во јавниот дискурс што предизвикал позитивна промена на планот на човековите права.

                                                              Одбор за доделување на државната награда ,,Мето Јовановски 

ПРИЈАВА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МЕТО  ЈОВАНОВСКИЗА 2021 ГОДИНА

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе