Ве известуваме дека во организација на Министерството за култура и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, на 6 април 2022 година, со почеток во 12 часот, во НУ Завод и музеј Битола ќе се одржи Информативна сесија за Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на Европската Унија.
Целта на настанот е да го претстави новиот програмски циклус на Програмата „Креативна Европа – Потпрограми: Култура и МЕДИА“ пред потенцијалните корисници на Програмата од културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, како и пред пошироката јавност. Во рамките на сесијата, присутните ќе имаат можност да се запознаат со приоритетите и целите на тековниот повик за аплицирање „Проекти за европска соработка“ (Потпрограма „Култура“) и новите повици за развој, промоција и дистрибуција на европскиот филм и аудиовизуелните индустрии (Потпрограма „МЕДИА“).
Ве молиме вашето присуство на настанот да го потврдите најдоцна до 5 април (12 часот), и тоа: за претставниците на културните и креативните сектори на следниве е-адреси: biljana.prentoska@ced.mk и dejan.kotevski@ced.mk, а за претставниците на аудиовизуелниот сектор на следнава е-адреса: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
Прилог: Програма на настанот