Креативна работилница со Дејан Дуковски во Софија

од admin_kult

Познатиот драматург од Северна Македонија Дејан Дуковски, на покана од независното театарско здружение „SPAMStudios“, во Клубот за естетско образование на уметникот во Софија, Република Бугарија, одржа креативна работилница за драмско пишување. Младите драмски автори  на работилницата имаа можност, преку отворена дискусија со Дуковски, да работат на нивното усовршување.

Во рамките на престојот во Софија, Дуковски, заедно со режисерката Ана Батева и музичарот Стефан Здравевски, кои живеат и работат во Република Бугарија, и со поранешниот амбасадор на РСМ во Париз, Јон Ивановски, го посети Македонскиот културно-информативен центар  во овој град.

За време на средбата меѓу Дуковски и директорот Сашко Насев стана збор за продлабочување на соработката, која би се одвивала преку промоција и издавање на  драмските текстови на македонскиот драматург. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе