На трети ноември (среда) во 12:00 часот, а по повод Денот на градот, во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на дела создадени на годинашната ликовна колонија „Дрен 2021“.
Ќе бидат изложени над 20 дела создадени од сликарите: Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова-Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.
Во изминатите 13 години на колонијата се создадени околу 350 дела кои се трајно наследство на Центарот за култура и на државава.
Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура.