Изложба на дела од шестата Керамичка работилница во Кичево

од admin_kult

Во уметничкиот салон од Центарот за култура, во Кичево отворена е изложба на творби изработени на шестата Младинска керамичка работилница, што на почетокот на октомври работеше во село Вранештица, Kичевско.

Учесници на оваа работилница беа средношколци од ОСУ „Мирко Милески“ и ОСУ „Дрита“ Кичево и ДСУУД „Лазар Личеноски“ од Скопје, кои имаа обврска да изработат три предмети од керамика. Проектот има за цел да придонесе за културна дисперзија и развој на руралните средини, а најмногу за опстанок на автентичната традиција, што ќе овозможи поголем економски и културен развој на општината и ќе ги поттикне младите да останат во земјата.,

Проектот во организација на Центарот за култура од Кичево, финансиски е подржан од Министерството за култура.

Во Вранештица овој занает егзистира со векови и токму младите и талентирани керамичари ќе бидат сукцесори на овој прастар занает, чии почетоци датираат од времето од пред 5.000 години.

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе