Изложба Фрескосликарството на Дичо Зограф во црквите од скопскиот регион

од admin_kult

Во Галеријата Љубомир Белогаски при ЈУ Музеј на град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата Фрескосликарството на Дичо Зограф во црквите од скопскиот регион.

Изложбениот концепт опфаќа презентација на псеудо фрески инспирирани од раритетните фреско композиции од црквите Св. Георги во с. Бањани и Св. Никола во с. Глуво (скопски регион), насликани од најзначајниот творец на црковното сликарство во 19 век, Дичо Зограф.

На изложбата ќе бидат претставени едно од најрано потпишаните и датирани дела од обемниот опус на Дичо, комплексната композиција Страшен суд од припратата на црквата Св. Георги, насликана во 1846 година и Исус Христос Вседржител, осум фигури на пророци и композицијата Преображение Христово од припратата на црквата Св. Никола, насликани во 1855 година. Изложбата ќе се одржи согласно сите протоколи за заштита од Ковид – 19.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе