Изложба и промоција на публикација на Мицко Мице Јанкуловски  

од admin_kult

Во малата сала на Заводот за заштита на спомениците и музеј Битола денеска (6 мај) во 13 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Мицко Мице Јанкуловски. Во рамките на настанот, ќе биде промовирана и публикација по повод одбележувањето на јубилејот 50 години од творештвото на Јанкуловски. Изложбата ќе ја отвори директорката на Завод и музеј Битола, Мери Стојанова, а обраќања ќе имаат и Владо Ѓорески, историчар на уметност и Корнелија Конеска, куратор.

Настанот  ќе се одржи според предвидените протоколи за заштита од COVID – 19, односно бројот на посетители ќе биде ограничен, согласно просторниот капацитет.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе