„Белег на времето“ е тематската изложба на слики од прилепската уметница Павлина Илијеска што беше отворена вчера во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Во рамките на изложбата се претставени десетина платна во голем формат на кои се пренесени видувањата на Илијеска на значајни прилепски локалитети, испреплетени со традицијата, културата.
Павлина Илијеска интензивно почнува да слика во 2006 година. Досега има реализирано неколку самостојни изложби, а била дел од повеќе колонии и групни изложби на ДЛУП.