Македонскиот филм „Мими“ го отвора 21. „Синедејс“

од admin_kult

Под мотото „Од високо подобро се гледа“, на 7 јули ќе почне 21. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Организаторите на Фестивалот информираа дека годинашното издание ќе содржи над 50 филмови, а „Синедејс“ ќе биде отворен со македонскиот филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски.

Филмот е копродукција на „Скопје филм студио“ со „Максима филм“ (Maxima film) од Хрватска и „Гиглинг гот продакшн“ (Giggling goat production) од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар (ХАВЦ) и Филмскиот центар на Црна Гора.

Годинешниот филмски фестивал „Синедејс“ ќе се одржи на неколку локации низ Скопје – покривот на ГТЦ, киното „Парк“ МКЦ, киното „Фросина“, Летното кино на Кинотеката и киното „Милениум“. Нуди домашна кинематографија во различни селекции, како што се програмата СЕЕ (SEE), Гала-програма, МК Кратки, како и богата Офф-програма поврзана со македонската филмска индустрија.

На 14 јули, последниот ден од „Синедејс“, ќе се одржи премиера на „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе