За 10 години кариера: Концерт на сопранот Ана Митоска

од admin_kult

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска (6 ноември), од 19 часот ќе се одржи концерт на Ана Митоска – сопран, во придружба на Илија Чакароски, на гитара.

Со концертот сопранот Ана Митоска ќе одбележи 10 години солистичка кариера, а ќе бидат изведени дела на Џ. Дауланд, Х.Перол, Џ. Качини, Б. Строци, Џ. Фрескобалди, А. Вивалди…

Ана Митоска дипломира соло пеење на ФМУ во класата на проф. Славица Галиќ – Петровска. Бележи настапи во Македонија, Италија, Бугарија и Хрватска, а како солист има остварено соработки со повеќе македонски и европски ансамбли, диригенти и инструменталисти.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе