Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово, утре (3 мај,) со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата„За кого бијат камбаните“, работена според текст на Ернест Хемингвеј, а во режија на Мартин Кочовски.
Во фокусот на претставата се наоѓа обединувачката моќ на хуманоста и сочувството, но и големината и нескршливоста на човечкиот дух во безизлезни ситуации, а особено кога човек е исправен пред смртта.
Во претставата играат: Александра Михајловска, Александра Пешевска, Антонио Димитриевски, Владо Дојчиноски, Горан Илиќ, Давид Илич, Жарко Јовановиќ, Дубравка Киселички, Јанка лефкова, Кети Дончевска-Илиќ, Мирослав Петковиќ, Нина Максимова, Чедомир Митевски и Мишо Димитријевски-Шипе. Драматург е Лидија Митровска-Ѓорѓиевска, сценограф Филип Јовановски, костимите се на Кети Пауновска-Стефковска, а музиката е на Пеце Брада Трајковски.