Вчеравечер во Даут-пашиниот амам концерт одржа ансамблот „Занат“, на кој присуствуваше и заменик-министерот за култура Даим Лучи. Концертот на истакнатиот вокален ансамбл беше во организација на Амбасадата на Косово во Република Северна Македонија и Општина Чаир.
Концертот предизвика огромен интерес и позитивен одглас во јавноста, за што, покрај изведбата, беше заслужен и амбиентот на Даут-пашиниот амам, како и целокупниот придонес на Националната галерија на Северна Македонија во областа на културата.