Заедничка прес-конференција на министерката за култура Ирена Стефоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров

од admin_kult

Почитувани,

Ве известуваме дека денеска, 23.8.2021 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, министерката за култура Ирена Стефоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров ќе одржат заедничка прес-конференција.

Тема на прес-конференцијата е соработката меѓу Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој за реализација на проектот за дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” – Скопје.

Прашањата може да ги испратите на е-адресата: info@kultura.gov.mk, најдоцна 30 минути пред почетокот на пресот, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува на оваа прес-конференција.

Акредитираните новинари за онлајн-вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.

Видеоматеријалот може да го преземете од преносот во живо со висока ХД-резолуција преку следниве линкови:

МК: https://youtu.be/YcD-Xlf_-R8
АL: https://youtu.be/6oh-16SE5rk

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе