Со видео и концертен перформанс, денеска во Струга завршува интердисциплинарниот мултимедијален проект „Деструкција вода“ на авторот Исмет Рамиќевиќ.
Во рамките на проектот ќе биде прикажана изложба на скулптури – музички инструменти во простор, а музичари ќе музицираат на скулптурите – музички инструменти застапени во повеќе светски култури и традиции.
Перформансот и изложбата ќе бидат претставени на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ крај реката Црн Дрим.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.