Во Концертната сала при Центарот за култура во Дебар се одржа Фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик „Радика-фест”. На Фестивалот, кој годинава го имаше своето 11-то издание, беа исполнети 11 нови авторски композиции од изведувачи и автори од Дебар, Маврово-Ростуше, Струга, Охрид и од други градови. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2020 година. Настанот се одржа со почитување на здравствените протоколи, со ограничен број посетители.