Драмски театар со претставата „Фирма“ денеска (7 февруари) гостува во во Љубљана, Словенија, каде од 2 до 7 февруари во организација на Местно гледалишче Љубљана се одржува третото словенечко издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.
Претставата „Фирма“ на режисерката Нела Витошевиќ е работена според Push up 1-3 од Роланд Шимелфенинг. Драматург е Викторија Рангелова Петровска. Сценографијата е на Костантин Трпеноски, mvv.design. Костимите се на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката е на Нела Витошевиќ.
Премиерата на „Фирма“ беше на отворањето на фестивалот РУТА што Драмски театар Скопје го организираше во октомври. Претставата досега е изведена десет пати на матичната сцена и ова гостување во Местно гледалишче Љубљана е прво гостување на претставата во странство.