Денови на германскиот филм во Кинотеката

од admin_kult

Во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката во Скопје од вечер (1 септември) до 4 септември ќе се одржува манифестацијата „Денови на германскиот филм“.

На отворањето ќе биде прикажан филмот „Берлин Александерплац“, додека на втори септември публиката ќе може да го гледа филмското остварување „Кожурец“. На трети септември на програмата е филмот „Рока го менува светот“, а на четврти септември е пакетот кратки неконвенционални, автентични кратки филмови „Short Export 2021“.

Организатори на манифестацијата се Амбасадата на Германија, Гете-институтот и Кинотеката на Република Северна Македонија.

Влезот е слободен, а поради актуелната ситуација со КОВИД-19 и важечките заштитни мерки, секој гостин постар од 18 години при влегувањето ќе мора да приложи доказ за извршена вакцинација со барем една доза или доказ за прележан  КОВИД-19 што не е постар од 45 дена.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе