Во галеријата во Куќата на Робевци во Охрид денеска (15 јули) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на слики од Башким Меџити. На изложбата ќе бидат претставени 20-ина дела работени во последната година во техниката акрил на платно.
Башким Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, каде што се стекнал и со звањето: магистер по сликарство. Реализирал самостојни изложби дома и во странство.