Камерниот ансамбл „Нов здив” ќе одржи концерт на „Охридско лето“

од admin_kult

Камерниот ансамбл на Филхармонијата, „Нов здив“, овој петок во 21 часот ќе настапи во црквата „Св. Софија“ во рамките на Фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за настан во организација на Филхармонијата на РСМ, кој се реализира како дел од програмата на најстариот фестивал во земјава. 

– Идејата за овој концерт на Камерниот ансамбл „Нов здив“ произлегува од желбата и предизвиците за изведба на современа музика на нашата музичка сцена, и фактот што во нашата држава не постојат многу состави кои се длабински посветени на новата музика. Членовите на Камерниот ансамбл „Нов здив“ на Филхармонијата, во соработка со диригентот Паскал Галоа од Франција, грижливо прават селекција на композиции од македонски и од светски автори. Сите композиции кои се дел од програмата на овој концерт се ретко изведувани, а дел од нив и премиерно ќе се изведат во РС Македонија, a наедно ова ќе биде и премиерно претставување на Камерниот ансамбл „Нов здив“ – информираат од НУ Национална филхармонија.

Членови на новоформираниот ансамбл „Нов здив“ се Бојан Илкоски (виолина), Марија Трајковска (виолина), Илза Бафтиари (виола),  Александар Лаовски (виола), Паскал Краповски (виолончело),  Драган Гоневски (виолончело), Игор Бакревски (кларинет), Маријана Николовска (пијано) и Атанас Алексов (ударни инструменти). Како солистка ќе настапи сопранистката Гонца Богоромова-Краповски. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе