Во МКЦ премиера на претстава на канадскиот автор и режисер Ришард Ниечим

од admin_kult

Во Младинскиот културен центар во среда (3 ноември) во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Пандорината кутија: Наследството на ќерката!“, по текст и во режија на Ришард Ниечим од Канада.

Станува збор за претстава во два чина, која е е дел од циклусот претстави на авторот под заедничкиот наслов „Древни огледала/Современи гласови“.

Во претставата настапуваат: Јасмина Билаловиќ и Златко Митрески, кој е и автор на музиката. Асистент на режија е Ивана Балабанова, костимографијата е дело на Павел Маслов, сценографијата на Мартин Манев, а асистент е Симона Димковска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе