Во Младинскиот културен центар во среда (3 ноември) во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Пандорината кутија: Наследството на ќерката!“, по текст и во режија на Ришард Ниечим од Канада.
Станува збор за претстава во два чина, која е е дел од циклусот претстави на авторот под заедничкиот наслов „Древни огледала/Современи гласови“.
Во претставата настапуваат: Јасмина Билаловиќ и Златко Митрески, кој е и автор на музиката. Асистент на режија е Ивана Балабанова, костимографијата е дело на Павел Маслов, сценографијата на Мартин Манев, а асистент е Симона Димковска.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.