Во Културно-информативниот центар во Софија ќе биде отворена изложба на Иво Пецов

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија утре (20 октомври) ќе биде отворена изложбата „Метафизички слики“ од Иво Пецов. На изложбата ќе бидат претставени дела во техниката масло на платно, кои авторот ги создал во изминатата година.
„Оваа чудна година остави сериозни последици врз нашиот начин на мислење и комуницирање. Сликите кои ги претставувам се обид да се разреши загатката околу нашиот осет за слободата. Во нив се изразувам преку својот експресивен јазик, имајќи потешкотии да бидам современ, додека истовремено многу повеќе ме привлекува безвременоста“, нагласува авторот Пецов во излагањето по повод изложбата.
Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со COVID-19. Официјалниот дел на вечерта е предвиден за 17:00 часот, по што посетителите кои ќе дојдат подоцна ќе можат да го погледнат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот. По отворањето, изложбата ќе остане отворена и ќе може да се види во работно време на КИЦ на РСМ во Софија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе