Во Крива Паланка ќе биде промовирана книгата „Топонимијата во Кривопаланечко“ од Весна Миовска

од admin_kult

Во Општина Крива Паланка на 19 мај (среда) во 14:00 часот ќе биде промовирана книгата „Топонимијата во Кривопаланечко“ од Весна Миовска. Издавањето на овој стручен труд од областа на лингвистиката е реализирано со соработка меѓу Општина Крива Паланка, Градскиот музеј во Крива Паланка и Институтот за македонски јазик, а финансиски е поддржано од Општината и од Градскиот музеј во Крива Паланка.

Од Градскиот музеј во Крива Паланка напомнуваат дека долги години успешно одржуваат соработка со речиси сите јавни научни установи во државава, при што, како што нагласуваат, од оваа соработка произлегле вредни резултати, како што се: печатење заеднички изданија, организирање заеднички теренски истражувања, организирање и реализирање заеднички научни конференции и симпозиуми, размена на книги и стручна литература и сл.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе