„Архетипови“ – изложба на Билјана Билбилоска

од admin_kult

Во новиот салон на галеријата „Ко-Ра”, во Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје вечер ќе биде отворена петтата самостојна изложба на Билјана Билбилоска со наслов „Архетипови”. На изложбата ќе бидат претставени 20 дигитални графики. Во согласност со мерките за заштита од КОВИД-19, на изложбата ќе се влегува поединечно или максимум по двајца посетители.

„Архетипот претставува еден вид симболичен образец, шема или, пак, облик, кој несвесно се повторува низ историјата независно од просторно-временскиот континуитет. Во овој циклус Билбилоска се фокусира на визуелниот архетип, на кругот, квадратот и на триаголникот, односно на оние универзални форми и визуелни константи на кои не им е видлива конечноста во уметничка смисла“, наведено е во најавата за ова ликовно случување. Изложбата е поддржана од Министерството за култура, а ќе биде отворена до 26 мај.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе