Во Крива Паланка ќе биде отворена изложбата „Ѓуриште 2020“

од admin_kult

Во изложбениот салон на Центарот за култура во Крива Паланка денеска (7 мај) во 13 часот ќе биде отворена изложбата „Ѓуриште 2020“. Од Центарот за култура во Крива Паланка појаснуваат дека минатата година, во услови на пандемија, е одржана 15-тата ликовна колонија „Ѓуриште“ во организација на Домот на културата „Крсте Мисирков“ и Општина Свети Николе. На изложбата  ќе  бидат претставени  дела од  12 ликовни уметници од Штип, Велес, Куманово, Скопје и од Крива Паланка. Од оваа национална установа истакнуваат дека публиката ќе има можност да види 24 уметнички дела изработени во различни техники, инспирирани од природата и  убавините на Овче Поле и од здравствените работници, кои се херои и предводници во борбата против актуелната пандемија. Изложбата ќе ја отвори Димитар Лазов, ликовен уметник и учесник на колонијата.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе