Во Бургас се одржуваат „Денови на македонската култура“

од admin_kult

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ ќе биде отворена денеска во бугарскиот приморски град Бургас. Манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата „Предизвици и насоки“ во 17 часот по локално време, што ќе биде поставена во Центарот за култура „Море казино“ во Бургас. Изложбата е дел од проектот „Поврзување“ на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Бугарија.

Во нејзини рамки ќе се одржат и две филмски проекции, кои се предвидени на програмата за утре и в петок во 21 часот по локално време на сцената „Полжав“.

Изложбата „Предизвици и насоки“ содржи специјално избрани уметнички дела од 12 современи автори, кои ги презентираат своите погледи и предизвици за време на пандемијата на КОВИД-19 и прикажуваат до кој степен овој глобален проблем ги менува нивните начини на размислување и насоките во креативноста. Како одговор на овие прашања, сите индивидуално направија избор на свои дела и преку нив се обидоа да ги претстават нашето време и нашата индивидуална уникатност.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе