Вечер концерт на пијано-дуeтот Каровски–Дучева

од admin_kult

Музичката програма на 62. издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечер (27 јули) со концерт на пијано-дуетот Кристијан Каровски и Мими Дучева, кои ќе настапат во црквата „Света Софија“ во 21 часот.

Кристијан Каровски е роден во Скопје во семејство на музичари пијанисти. Неговата концертна дејност започнува на деветгодишна возраст со изведба на сериозни дела од литературата за пијано. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Каровски е вонреден професор на Катедрата за пијано на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Пијанистката Мими Дучева е родена во Гевгелија во 2000 година. На осумнаесет години го одржува првиот концерт по што музичкото образование го продолжува на ФМУ – Скопје во класата на вон. проф. Кристијан Каровски.

Инспирирани од минатото камерно музицирање, Мими Дучева и нејзиниот ментор Кристијан Каровски почнуваат заеднички да свират композиции за четирирачно пијано. Првиот заеднички настап е на Фестивалот „ДАМ“ во Приштина, Р Косово, а оваа, 2022 година следуваат уште неколку заеднички настапи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе