Со македонското „Комитско“ во Битола почнува Фестивалот „Илинденски денови“

од admin_kult

Со македонското оро „Комитско“, во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечер почнува 52. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.

Во пресрет на настапите на културно-уметничките друштва и филкорни групи од државава и од странство, деновиве во Битола се реализира фестивалска претпрограма исполнета со изложби, работилници и, за првпат, Интернационален етнографски филмски фестивал.

– На фестивалската сцена ќе настапат над 1000 учесници, членови на ансамбли од повеќе македонски градови, а со оглед на тоа што нашиот фестивал е член на светската фолклорна асоцијација ЦИОФФ, во Битола вечер ќе ги проследиме и настапите на гостите од: САД, Полска, Шпанија, Србија, Италија, Мексико и Колумбија – најави Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура – Битола, домаќин и организатор на Фестивалот.

– Годинава Фестивалот „Илинденски денови“ се одржува под мотото „Од корените до цветот“, а корените датираат од 1971 година – вели м-р Валентин Соклевски, програмски селектор на Фестивалот.

– Утрово во градот, за првпат на Фестивалот и по Широк сокак, ќе помине битолската коњица „Галоп“ и до 2 август ќе се движи по патот на илинденците – информираат од НУ Центар за култура – Битола.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе