Велигденски концерт на НУ „Охридско лето“ со женскиот хор „Менада“

од admin_kult

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, денеска 30 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 20:00 часот ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово, под диригенската палка на професор Ивица Зориќ.

Со овој концерт се заокружува програмата која веќе трета година НУ „Охридско лето“ ја реализира надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули- 20 август.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе