„Божествениот звук на Малер“ во Филхармонија

од admin_kult

Под диригентство на маестро Габриел Бебешелеа, Филхармонијата вечер ќе го одржи концертот „Божествениот звук на Малер“. Ќе биде изведена Четвртата симфонија, ремек-дело на австрискиот композитор Густав Малер, а како солистка ќе настапи сопранистката Милена Арсовска.

Симфонијата е во аранжман на Иан Фарингтон, кој ја адаптира за изведба со помал оркестарски состав. Постојат повеќе аранжмани на оваа симфонија. Еден од нив е и аранжманот на Иан Фарингтон, пишуван за ансамбл составен од 15 изведувачи. Задржувајќи го карактерот на оригиналното дело и третирајќи го секој изведувач како солист, Фарингтон успева да ги открие и оние помалку скриени аспекти на Симфонијата бр. 4 што слушателот тешко може да ги забележи при изведбата на оригиналното дело.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе