Во Народниот театар – Битола завршија подготовките за премиера на претставата „Ноќта кога ја убив месечината” во режија на Марјан Ѓорѓиевски, закажана за петок, 19 февруариво 20 часот..
Станува збор за театарски проект инспириран од делото „Мостот” на Лорен Ван Велтер, за кое преводот од бугарски на македонски јазик го подготви Александар Копања.
Актерот Александар Копања во претставата ќе настапи во улогата на човек од високата класа, улогата на човек од средната класа ја толкува Марјан Ѓорѓиевски, а улогата на просјакот му е доделена на Валентин Светозарев.
Следните две изведби ќе се одиграат на 24 и 25-ти февруари