Штипскиот Завод за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј на град-Штип годинава од Програмата на Министерството за култура доби повеќе проекти, а голем дел се однесуваат на истражувања на локалитетот „Баргала“. Ггодинава на „Баргала“ ќе се реализираат целосно бедемите околу археолошкиот локалитет, кои најпрвин треба да се истражат, а потоа и да се направи проект за конзервација.
Годинава ќе се реализира завршната фаза на проектот за црквата „Света Богородица“ во Ново Село. Археолозите ќе истражуваат и на локалитетите кај езерото Мантово, Пилав Тепе, а годинава за првпат треба да се организира и
ликовна колонија на која што ќе се претстави културното наследство на овој крај низ ликовната дејност.
Проектите коишто ги има добиено оваа национална устанува ќе чинат околу четири и пол милиони денари.