Археолошкиот локалитет „Баргала“ годинава во фокусот на истражувањата, на Штипскиот Завод и Музеј

од admin_kult

Штипскиот Завод за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј на град-Штип годинава од Програмата на Министерството за култура доби повеќе проекти, а голем дел се однесуваат на истражувања на локалитетот „Баргала“. Ггодинава на „Баргала“ ќе се реализираат целосно бедемите околу археолошкиот локалитет, кои најпрвин треба да се истражат, а потоа и да се направи проект за конзервација.

Годинава ќе се реализира завршната фаза на проектот за црквата „Света Богородица“ во Ново Село. Археолозите  ќе истражуваат и на локалитетите кај езерото Мантово, Пилав Тепе, а годинава за првпат треба да се организира и
ликовна колонија на која што ќе се претстави културното наследство на овој крај низ ликовната дејност.
Проектите коишто ги има добиено оваа национална устанува ќе чинат околу четири и пол милиони денари.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе