Заврши истражувањето на археолошките локалитети Велушка Тумба и Влахо

од admin_kult

Завршија археолошките истражувања на локалитетите Велушка Тумба кај Породин и Влахо кај Живојно. Овогодишното истражување беше насочено на едни од најраните неолитски населби во Пелагонија, a кое е дел од континуираната соработка меѓу ЦИП-Центар за истражување на предисторијата и НУ Завод и музеј – Битола.

Во рамки на истражувањата, се откриени остатоци од неолитски живеалишта и материјална култура и на двата локалитети, а кои се поврзани со првите земјоделци кои формирале населби во Пелагонија пред околу 8.000 години.

Истражувањата продолжуваат со археоботанички, археозоолошки и радиокарбон анализи, додека тековните и целокупните сознанија ќе се публикуваат во македонски и меѓународни списанија и зборници, и воедно ќе бидат претставени на неколку европски конференции. На тој начин, ќе се овозможи врвно претставување на македонското предисториско културно наследство и негово афирмирање меѓу еминентни научници и институции.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе