Киното на Музејот на современата уметност ја најавува својата нова програма посветена на авганистански автори и филмови. Програмата започнува на 24 ноември (среда), во 19 часот, со проекција на филмот „Забранетата ролна“ на Ариел Наср.
Селектор на програмата е Дарко Набаков, одговорен за филмската програма на Кино МСУ. Во рамките на филмската програма публиката ќе може да ги проследи и филмовите: „Kabul, City in the Wind“ на 26 ноември, „Midnight Traveler“ на 1 декември и „Hava, Maryam, Ayesha“ на 3 декември.