„Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, сè уште е затворено за посета, согласно здравствените препораки. Во интерес на заинтересираните посетители, Археолошки музеј на Република Северна Македонија овозможи кратка виртуелна тура низ истиот.

-Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8000 години, велат од Археолошкиот музеј.

Неодамна во „Неолитското село“ заврши проектот финансиран со грант од Европската Унија преку програмата „Прекугранична иницијатива за културна размена (МАКС ФОРУМ)”.