На Јутјуб каналот на Драмски театар – Скопје денеска со почеток од 20 часот ќе биде прикажана претставата „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. Утре пак во 19 часот ќе биде прикажана претставата за млади „Капетанот Џон Пиплфокс“ по текст на Душан Радовиќ, а во режија на Коле Ангеловски.
Театар Комедија пак, вечерва со настапите на актерите Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели продолжува со активностите на вонредната сцена.Петмината актери распоредени на сцената на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката. Вклучувањето во живо на фејсбук страницата на театарот е закажано за 20:30 часот од сцената во дворот на театарот.