Драмски театар и Театар Комедија продолжуваат со онлајн прикажување претстави

од admin_kult

На Јутјуб каналот на Драмски театар – Скопје денеска со почеток од 20 часот ќе биде прикажана претставата „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски. Утре пак во 19 часот ќе биде прикажана претставата за млади „Капетанот Џон Пиплфокс“ по текст на Душан Радовиќ, а во режија на Коле Ангеловски.

Театар Комедија пак, вечерва со настапите на актерите Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели  продолжува со активностите на вонредната сцена.Петмината актери  распоредени на сцената на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката. Вклучувањето во живо на фејсбук страницата на театарот е закажано за 20:30 часот од сцената во дворот на театарот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе