Започна систематското ископување на археолошкиот локалитет Милци, село Богородица, Гевгелија

од admin_kult

Во организација на Националната установа Музеј – Гевгелија, а со финансиска поддршка од Министерството за култура, започна систематското ископување на археолошкиот локалитет Милци кај селото Богородица, Гевгелија.

Станува збор за ископување на една од двете градски некрополи од железно време (VIII – V век пр. н. е.) на праисториската населба Вардарски рид. Некрополата, според својата организација и типовите на гробни конструкции, им припаѓа на групата рамни некрополи со инхумирани покојници, карактеристична за идентичните некрополи во Долно Повардарје. За време на ископувањата во периодот од 2011 досега, на овој локалитет  се откриени над 100 интактни гробни целини.

Според стручните екипи кои работат на локалитетот, ископувањата на оваа некропола ќе завршат кон крајот на летото.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе