Започна меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“

од admin_kult

Во присуство на десетина млади ликовни уметници и организаторите од Здружението на ликовни уметници „Драудакум“ синоќа беше означен почетокот на годинашното издание на Меѓународната ликовна колонија Гостивар 2020.

Годинашното петнаесетто издание има најмногу учесници, но поради пандемијата поголемиот дел своите дела ќе ги творат во домашни услови. Помладите уметници, од вчера и наредниве три дена ќе творат во хотелот „Панорама“ во близина на Гостивар Претседателот на здружението „Драудакум“, Решат Амети, рече дека уметничката колонија е голема вредност за градот Гостивар, па затоа решиле оваа година да ја одржат покрај условите кои ги наметна пандемијата.

Претставниците на локалната самоуправа, Имрлије Салиу и Министерството за култура, Афан Елези ја поздравија иницијативата и најавија дека ќе продолжат со поддршката на манифестацијата. Годинава на колонијата учествуваат 70 уметници од целиот свет кои делата ќе ги творат во нивните ателјеа и од дома. По завршување, ќе се организира групна изложба. Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“ е поддржана од Министерството за култура и Општина Гостивар.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе