Втор Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО

од admin_kult

Втор Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО, „Создавање на градот на иднината“ се одржува во „Бела куќа“ – Битола и Центар за култура-Битола. На денешната програма од 11 часот во „Бела куќа“ – Битола е предвидено вклучување на високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Тераса (Шпанија), Бусан (Јужна Кореја), Лоѓ (Полска), Рим (Италија), Сараево (БиХ), и други градови-членки на кластерот филмски градови на УНЕСКО, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис-секторот кои работат во креативните индустрии и филм.

Форумот го организира Здружението за филмска уметност Центар за филм Битола во насока на зголемување на соработката помеѓу градовите во областа на иновациите и едукацијата. Ова е прв форум од ваков вид кај нас и во регионот.

Инаку, Форумот почна вчера со бесплатна проекција на бугарскиот филм „Слава“ на дуото Грозева-Валчанов. Форумот е од исклучителна важност за градот Битола како рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015 и еден од 18-те градови кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, единствен од Македонија и еден од ретките од регионот.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе